Достапни линкови

Малала против компромис за образованието на женските деца во Авганистан


Малала Јусафзаи

Лауреатката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи изјави дека „не треба да има компромис“ за правото на образование на женските деца во тековните мировни преговори меѓу авганистанската влада и талибанците. Таа во интервју за РСЕ порача дека „мирот е скапоцен“ за авганистанскиот народ кој претрпе четири децении војна.

Јусафзаи која беше наградена со Нобелова награда за мир во 2014 година за нејзината кампања која го поддржува образованието на женските деца, истакна дека слободите и човековите права на жените не треба да се поткопуваат во ниту еден мировен процес.

Правата на жените е едно од најжешките прашања во мировни разговори со посредство на САД, кои започнаа во Доха на 12 септември. За време на кратката администрација во Авганистан, талибанците им забрануваа на женските деца да одат на училиште и да работат надвор од нивните домови, истовремено применувајќи строг кодекс на облекување.

XS
SM
MD
LG