Достапни линкови

Место карго аеродром во Штип, да се направат нови школи, водоводи...


Министерот за економија, Крешник Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата, информираше денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, по работниот состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот рече дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани, како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“, рече Бектеши.

XS
SM
MD
LG