Достапни линкови

Американска делегација на чело со Гренел утре во посета на Приштина


Специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, амбасадорот Ричард Гренел

Специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, амбасадорот Ричард Гренел утре се очекува до допатува во Приштина, со цел да се запознае со текот на реализацијата на договорот за економска нормализација, што на 4 септември во Вашингтон го потпишаа највисоките претставници на Косово и Србија, објави порталот „Газета експрес“.

Гренел ќе предводи делегација од 13 претставници на официјален Вашингтон, кои, според приштинскиот медиум, „ќе ги претстават проектите за Косово и регионот“ во рамки на договорот што го потпишаа косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Хоти и Вучиќ на 4 септември во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на претседателот на САД, потпишаа спогодба со која се регулира економската соработка меѓу Приштина и Белград. Трамп договорот го оцени како „историски“ и најави дека „со нетрпение очекува да ги посети двете земји во не толку далечна иднина“.

XS
SM
MD
LG