Достапни линкови

Полицијата во Белорусија со бодликава жица ќе се бори против демонстрантите


Воени камиони распоредени во центарот на Минск.

Во Белорусија денеска се очекуваат нови протести откако вчера полицијата уапси стотици жени учеснички на протестите во главниот град Минск. Демонстрантите вчера протестираа барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко.

Белоруските власти денеска поставија бодликава жица и воени камиони во центарот на Минск на местото каде се планирани протести.

Земјата ја зафатија протести по претседателските избори на 9 август на кои повторно победи Лукашенко. Демонстрантите ги оспоруваат резултатите од изборите.

Илјадници луѓе беа приведени и тепани од полицијата, додека скоро сите клучни лидери на опозицијата беа принудени да ја напуштат земјата или беа приведени.

XS
SM
MD
LG