Достапни линкови

Заев: Субвенции за сите, да ги отфрлиме предрасудите


Зоран Заев

Во владината програма точно е прецизирано дека Владата ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба. Целта е меѓу другото да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага земјата. Тоа е особено важно за да зборуваме за промена на свеста кај секој од нас и отфрлање предрасуди од кој било тип, со цел секој еден квалитетен кадар да биде соодветно ангажиран, за да дадеме максимум придонеси во нашето општество.

Ова го порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфереција со министерката за образование и наука Мила Царовска, на која беше презентирана Националната платформа за учење од далечина, како одговор на новинарско прашање за најавените субвенции за компании за вработување на малцинствата.

Овој одговор на премиерот следува по реакциите од јавноста и од опозицијата на информацијата што вчера ја соопшти вицепремиерот Артан груби, дека ќе се доделуваат владини субвенции за вработувања на лица од етничките заедници. За дел од јавноста оваа идеја е „дискриминаторска“.

„Субвенции ќе има по работни места, ќе имаат предност квалификуваните работници или граѓаните, така што верувам дека во духот на општество ориентирано кон граѓаните ќе ја реализираме и оваа програмска определба на Владата, изјави Заев и додаде дека субвенции ќе има и за Македонците, за Албанците, за Турците, за Србите и за Власите, Ромите, Бошњаците, за сите во нашата земја, и, подвлече, тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани.

XS
SM
MD
LG