Достапни линкови

Автомобилски протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата


Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно протестира против поскапувањето на струјата. Протестот со автомобили почна од пред спортскиот центар Борис Трајковски, па по булеварот Партизански одреди до Регулаторната комисија за енергетика.

Возачите во протестната колона автомобили ги користат сирените додека се движат, а автомобилите се „украсени“ со знамиња и транспаренти.

Во партијата велат дека поскапата струја го разјадува животниот стандард на сите граѓани и бараат враќање на старата цена на струјата. Ова е четврти протест на партијата.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на членството во ЕУ и за Гоце Делчев

Првите два беа против поскапувањето на струјата, а третиот за Гоце Делчев.

XS
SM
MD
LG