Достапни линкови

САД обвини кинески и малезијски државјани за хакирање


Илустративна фотографија - САД обвини лица за вклученост во хакирање на над 100 организации.

Американското Министерство за правда обвини петмина Кинези и двајца Малезијци за кои тврди дека биле вклучени во глобална хакерска операција, чија цел била индустријата за видео игри.

Петмината кинески државјани беа обвинети на 16 септември за хакирање на повеќе од 100 технолошки компании, невладини организации и универзитети во САД и во други земји, во период од шест години.

Во операцијата биле украдени технолошки и лични идентитети, но исто така била искористена и за шпиониранње на продемократски политичари и активисти во Хонгконг.

Двајцата малезијски бизнисмени биле обвинети за заговор со двајца од Кинезите да профитираат од хакерски упади.

Кинеската влада не ја спроведе хакерската операција, но еден од обвинетите рече дека е заштитен од кинеските безбедносни служби, според обвиненијата.

„Некои од овие криминални актери веруваат во нивната поврзаност со Народна Република Кина ќе им обезбеди слободна лиценца за хакирање и крадење низ целиот свет“, изјави вршителот на должноста правобранител на САД Мајкл Шервин.

XS
SM
MD
LG