Достапни линкови

Дер Лајен: Западен Балкан е дел од ЕУ, а не етапа од Патот на свилата


Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен

Отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија претставуваат историска одлука, рече претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, во својот годишен говор за состојбата на Европската Унија (ЕУ). Оваа одлука таа ја поврза со односите помеѓу ЕУ и Кина, алудирајќи на патот на свилата, големиот кинески економски проект кој поминува низ балканскиот регион, јави МИА од Брисел.

„Одлуката за отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија годинава беше историски чекор, иднината на целиот регион припаѓа во ЕУ, делиме иста историја и иста судбина, западниот Балкан е дел од Европа, тие не се етапа на патот на свилата“, изјави Урсула фон дер Лајен.

Таа потврди дека во текот на наредните недели ЕК ќе презентира нов пакет за економско закрепнување за целокупниот регион. Според информациите на МИА, се очекува ЕК да одвои околу девет милијарди евра за регионалниот развој на западниот Балкан, пред сѐ во делот на инфраструктурни проекти и поврзување на земјите од регионот меѓу себе.

XS
SM
MD
LG