Достапни линкови

ЕУ не го признава Лукашенко


Жозеп Борел

Европската унија не го признава Александар Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, изјави високиот претставник на Европската унија Жозеп Борел пред Европскиот парламент додавајќи дека изборите на 9 август, биле фалсификувани. Белоруската опозиција, предводена од Свјатлана Циханускаја, го обвинува Лукашенко за лажирање на изборите, кои му доделија шести мандат со 80 проценти од гласовите. Оттогаш, илјадници луѓе беа приведени и претепани од полицијата, додека скоро сите клучни лидери на опозицијата беа принудени да ја напуштат земјата или беа уапсени во акција осудена од САД и Европската унија.

ЕУ воведе санкции за 20 белоруски функционери

Повеќе од 7.500 мирни демонстранти се приведени и 500 случаи на тортура се документирани, рече Борел. ЕУ подготвува санкции против одговорните за фалсификување на изборите и за сузбивање на протестите. Но, дипломатите велат дека санкциите на ЕУ кон Белорусија се блокирани од Кипар, кој бара мерки против Турција најпрво во спорот околу истражувањата за природен гас во источен Медитеран.

XS
SM
MD
LG