Достапни линкови

Осуден заменик претседателот на бугарскиот парламент за изнуда


Веселин Марешки во Бугарското националното собрание, облечен против коронавирус

Бугарскиот окружен суд го осуди заменик претседателот на парламентот и шеф на мала опозициска партија на четири години затвор за изнуда пари од сопственик на пица ресторан. Веселин Марешки (53) е на чело на популистичката партија Волја, која има врски со пан-европската крајно десничарска партија Идентитет и демократија. Марешки, кој беше прогласен за виновен за изнуда на пари од бизнисменот ги негираше сите обвинувања и рече дека неговите адвокати ќе поднесат жалба во законскиот рок.

Во Бугарија продолжија протестите, Борисов не поднесува оставка

Врховниот суд мора да ја потврди одлуката на Апелациониот суд Варна. Марешки е сопственик на еден од најголемите синџири аптеки во Бугарија и има мрежа на бензински пумпи низ најсиромашната земја членка на ЕУ. Тој тврди дека судењето е основано од правните органи за да се демонстрира „успешната борба против олигарсите и корупцијата“ во Бугарија. Бугарија редовно е критикувана од Брисел за неуспех во справувањето со широко распространетата корупција и за неизрекување пресуди за корумпираните врвни функционери.

XS
SM
MD
LG