Достапни линкови

Рикер: Штетното руско влијание предизвик за земјите-членки на НАТО


Поранешниот амбасадор на САД, Филип Рикер.

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје, Филип Рикер, кој сега е задолжен за Европа и Евроазија во Стејт Департментот изјави дека последните парламентарни избори во Северна Македонија покажале дека демократијата во земјата е во добра состојба. Рикер кој учествуваше на панел дискусија за влијанието на Русија во земјите од источна Европа изјави дека ниедна земја не е целосно безбедна.

„Штетното руско влијание останува сеприсутно и е предизвик за земјите членки на НАТО како и за оние земји кои не се членки, го гледаме тоа и во САД каде продолжуваат да се обидуваат да се мешаат во нашите избори и преку други штетни активности, и тоа беше случај и во Северна Македонија“, изјави Рикер за МИА.

Според него, членството на Северна Македонија во Алијансата е од “огромна“ важност за НАТО како и за целиот Западен Балкан.

„Треба сите заедно да работиме во справувањето и борбата против штетното руско влијание и имам целосна доверба дека Владата во Северна Македонија ќе продолжи да работи за подобрување на земјата, да се фокусира на меѓународните односи, на безбедноста, стабилноста што ги носи членството во НАТО, видовме дека долгорочни конфликти како тој помеѓу Северна Македонија и Грција можат да се решат со прагматична дипломатија“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG