Достапни линкови

Македонскиот пијанист Мустафаоглу примен на Универзитетот Хамбург


Арда Мустафаоглу

Со максимален број на освоени поени, младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу е примен на студии на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург, кој е еден од педесетте највисоко рангирани светски универзитети од областа на уметностите.

Интензивните подготовки со проф. д-р. Милица Шкариќ, придонесоа Арда да се претстави со извонредна изведба на делата во двете етапи на приемниот испит пред Комисијата составена од врвни светски пијанисти.

Арда Мустафаоглу е единствениот примен студент во прва година кој ќе студира во класата по пијано на една од најдобрите концертни пијанисти на денешницата Ана Виницкаја.

Мустафаоглу пред две години, како 16-годишник, беше дел од „Моја порака“ на РСЕ, кога ја откри, како што самиот рече, формулата на успехот. Погледнете ја неговата порака:

XS
SM
MD
LG