Достапни линкови

Казни за 517 лица за неносење маски во изминатото деноноќие


Илустрација: Жена со маска во центарот на Скопје

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 517 прекршоци за неносење маска во земјава.

Носењето прекривка на устата и носот е задолжително во затворени простории и на отворен простор каде што не е возможно да се држи дистанца од 2 метри од другите луѓе, како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

XS
SM
MD
LG