Достапни линкови

Погубен иранскиот борач Навид Афкари


Иранскиот борач Навид Афкари

Иранскиот борач Навид Афкари денеска бил погубен поради убиство на припадник на обезбедување за време на антивладините протести во 2018 година, јавија тамошните државни медиуми. Погубувањето предизвика осуди од спортските организации и од активистите за човекови права.

Неговиот адвокат рече дека никогаш не била докажана вината на Афкари. Адвокатот обвини дека пред егзекуцијата на неговиот клиент не му била дозволена последна посета на семејството.

Афкари беше погубен по правната процедура спроведена на барање на семејството на жртвата, рече шефот на правосудството во јужната провинција Фарс, Казем Мустафа.

Афкари беше осуден за убиство на Хасан Туркман, припадник на обезбедувањето на една компанија. Иранскиот Врховен суд на крајот на август одби да го преиспита случајот.

Афкари, кој е 27-годишен борач во грчко-римски стил, претходно тврдеше дека бил мачен во затвор за да му изнудат лажно признание, соопшти неговото семејство и активистите. Иранските власти негираа дека имало тортура. Г

лобалната унија, која застапува 85 илјади спортисти, претходно оваа недела повика Иран да се исклучи од светскиот спорт ако го погуби Афкари. Меѓународниот олимписки комитет изрази шокираност и тага.

XS
SM
MD
LG