Достапни линкови

Протест во Ѓорче Петров против изградбата на висококатници


Протест во Ѓорче Петров против изградбата на висококатници

Жителите на скопската населба Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против плановите на општината да дозволи изградба на згради од 17 ката во месноста Јурија. Стотина жители, со транспаренти „Сакаме паркови, не сакаме згради“, „Правете градинки, а не ѕидови“ денеска ја блокираа главната улица во населбата.

Од Иницијативата против урбано дивеење кои се и организатори на протестот велат дека со градење на повеќе од 800 станови ќе се создадат дополнителни проблеми и ќе се преоптовари инфраструктурата.

Од општината Ѓорче Петров велат дека лани спровеле анкети за донесениот урбанистички план со кој се овозможува услови за градење, но дозвола се уште не е издадена. Со соопштението од општината се наведува дека значаен дел од просторот е предвиден за зеленило, планиран е и јавен парк, во зона надвор од градежните парцели.

XS
SM
MD
LG