Достапни линкови

Руската полиција сака да го испитува Навални во Германија


Архива - Алексеј Навални.

Руското Министерство за внатрешни работи сака да го испраша опозицискиот политичар Алексеј Навални во Берлин, каде се лекува откако германските лекари пријавија дека постојат „недвосмислени докази“ дека тој бил отруен со нервен агенс, спротивно на нивните руски колеги кои велат оти не откриле траги од отров.

Подружницата на транспортната полиција во Сибир денеска соопшти дека со излегувањето на Навални од медицинска кома на почетокот на оваа недела, подготвува барање до германските власти да им дозволат на своите истражители да учествуваат во сослушувањето на 44-годишниот критичар на Кремљ.

Портпаролот на германската Влада изјави дека Берлин се уште нема добиено официјално барање од Москва за ова прашање.

На Навални му се слошило во авион на пат од сибирскиот град Томск кон Москва на крајот на август и бил хоспитализиран по итно слетување на авионот во градот Омск.

XS
SM
MD
LG