Достапни линкови

Заев најави почеток на 4-ти сет антикорона економски мерки


Зоран Заев, претседател на Владата на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук соопшти дека наскоро ќе започне реализацијата на четвртиот пакет економски мерки поради негативните ефекти од пандемијата со Ковид-19, кој опфаќа директна помош за економијата и за граѓаните.

„Ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме нивната потрошувачка моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори. Ќе има стимулативни мерки и за враќање на отпуштени работници во време на кризата, затоа што сакаме тие што се отпуштени да се вратат на работа, особено кога има недостиг на квалификувана работна сила“, информираше премиерот Заев.

Тој наведува дека платежни картички ќе добијат пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа и самохраните родители, а се прават и проценки стечајните работници кои добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат уште еден вид на помош. Заев најавува и засилено финансирање на капиталните инвестиции во чија реализација ќе бидат ангажирани домашните компании.

XS
SM
MD
LG