Достапни линкови

Стејт департмент: С. Македонија има добра бизнис клима, закана се корупцијата и Ковид-19


Илустрација

Владата генерално ги почитува и спроведува законите, но има извештаи дека некои државни службеници се вклучени во коруптивни активности. Според невладините организации, доминантната улога во економијата што ја имаше Владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ создаде можности за корупција. Владата предводена од СДСМ, која стапи на должност во 2017 година, вети дека ќе ја зајакне транспарентноста и владеењето на правото, и успеа да пренесе одредена моќ од политичките партии до судските институции, се вели во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година, што го објави американскиот Стејт департмент, пренесе МИА.

Сепак, се додава во извештајот, целокупната регулатива останува сложена и честите законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција. Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија сега е членка на НАТО и е поканета да започне преговори за пристапување во ЕУ, што ќе поттикне зголемени странски директни инвестиции и економски раст.

„Правната рамка за инвестирање во Северна Македонија во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните. Земјата ја поедностави регулаторната рамка за странските инвеститори што работат во ТИРЗ, кои генерално имаат позитивни искуства и добра соработка со владините претставници. Допнолнителни позитивни фактори за поттикнување на странските директни инвестиции (СДСИ) и економскиот раст е што земјата влезе во НАТО, го реши спорот за името со Грција и ги почнува преговорите за членство во ЕУ“, стои во извештајот на Стејт департментот.

Коронавирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година, но и потоа, се наведува во извештајот на Стејт департменто на САД за инвестициската клима во Македонија.

XS
SM
MD
LG