Достапни линкови

РКЕ се пожали кај ЕУ и САД дека ВМРО-ДПМНЕ ѝ врши притисок


Претседателот на РКЕ, Марко Беслмоски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Делегација на Европската Унија во Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави дека со протестот што вчера го организираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ се прави притисок врз РКЕ, по донесувањето на одлуката за зголемување на цената на струјата.

„По донесувањето на одлуката повремено се одржуваат протести во организација на собири на здруженија и граѓани, кои за РКЕ се легитимни, но протестот организиран од страна на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, која бара укинување на одлуката, е директен притисок врз нашата работа“, стои во писмото на РКЕ.

Видео од вчерашниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на РКЕ, Марко Беслмоски, во писмото до Енергетската заедница во Виена, до ЕУ и САД, вели и дека тие секогаш се подготвени за дијалог, но и дека Комисијата секогаш ќе биде независна во своето одлучување и никогаш нема да потклекне под различни притисоци и влијанија.

XS
SM
MD
LG