Достапни линкови

Филипче на средба со претставници на здруженија за предлогот за враќање на работа на хронично болните


Венко Филипче

Министерстерот за здравство Венко Филипче утре ќе се сретне со претставници на здруженијата на пациенти со ретки и хронични болести. Во соопштението на министерството е наведено дека на средбата ќе се разговара за предлозите кои ги имаат овие здруженија во врска со препораката на Комисијата на заразни болести за враќање на дел од хронично болните на работа, а во интерес на подобро услогласување на критериумите под кои ќе се спроведува одлуката.

Пред два дена, како што истакнуваат од Министерството, Филипче го образложи и аргументираше предлогот на Комисијата согласно кој, пациентите кои имаат дијагноза хронична болест и тие кои имаат малигни болести треба да се вратат на своите работни места. Тој нагласи дека ова нема да важи за оние пациенти кај кои лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба на влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман, а претставува и дополнителен ризик по здравјето на пациентот.

XS
SM
MD
LG