Достапни линкови

Пожар во зградата на Инспекторатот за животна средина и СЕП


Пожар во Зградата каде се сместени Инспекторатот за животна средина и СЕП

Рано утрово избувнал пожар во зградата во која се сместени Канцелариите на Министерството за животна средина и на Секретаријатот за европски прашања, на улицата Димитар Влахов во центарот на Скопје, во поранешната згрдата на Комерцијална банка.

Противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот да не се прошири и на вториот кат. Се уште нема официјални информации кои простории се зафатени од пожарот.

Од Инспекторатот за животна средина за МИА, чие седиште е во истата зграда, изјавиле дека работното време почнува во 08:30 часот и дека при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните простории.

Пожар во зградата на Инспекторатот за животна средина и СЕП
Пожар во зградата на Инспекторатот за животна средина и СЕП

XS
SM
MD
LG