Достапни линкови

Пратеникот Јахоски негира дека ја напуштил ДУИ


Архивска фотографија- собраниска седница за избор на новата влада

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски попладнево преку писмено соопштение негира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и додава дека на интернет страницата на Собранието е направена техничка грешка.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ“, наведува Јахоски.

Откако денеска на интернет страницата на Собанието се појави неговото име како независен пратеник дел од медиумите јавија дека ДУИ останала со еден пратеник помалку. ДУИ на изборите освои 15 мандати и заедно со СДСМ кои освоија 46 и ДПА која доби еден пратеник го соочинуваат владиното мнозинство од 62 пратеници.

Во моментов покрај Јахоски како независни пратеници на интернет страницата на Собранието се наведени Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Минов избран од листата на СДСМ, но под имињата на новиот собраниски состав се наведува дека податоците се нецелосни.

XS
SM
MD
LG