Достапни линкови

ССМ до Владата: 12 месеци породилно, викендите неработни...


Средба на претседателот на ССМ Дарко Димовски и премиерот Зоран Заев

Директна парична помош за работниците и компаните во најпогодените сектори, договорот на определено време да не биде подолг од една година и породилното отсуство да трае 12 месеци, се дел од барањата кои денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги побара од Владата. Премиерот Зоран Заев вети дека ќе бидат прифатени оние барања кои реално во моментот може да се реализираат.

На денешната средба со премиерот Заев и владиниот економски тим, синдикалците побараа и сабота и недела да бидат прогласени за неработни денови и да се воведат повеќе услови за пензионирање.

Премиерот Заев вети минимална плата од 20 илјади денари, предвремено пензионирање до пет години, недела да биде неработен ден и нов закон за работни односи кој ќе ги содржи европските стандарди. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, е оптимист дека нивните барања ќе бидат прифатени од извршната власт бидејќи, како што изјави, барањата се реални.

XS
SM
MD
LG