Достапни линкови

Бронза за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада


Македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада во информатика 2020

Македонскиот тим млади информатичари освоија бронзен медал на годинашните меѓународни натпревари по информатика за ученици до 15,5 години.

Македонскиот тим млади информатичари составен од Сара Стефановска од Крива Паланка, Атина Рувинова од Охрид, Јан Стојановски од Скопје, Иван Јованоски од Прилеп и неофицијален натпреварувач Ева Димитриевска од Куманово освоија бронзен медал на 4-тата Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ). Натпреварите се одржуваа од 2-ри до 6-ти септември и беа онлајн, а ментори на натпреварувачите беа д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

„Учениците од тимот беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој што редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржа по 31. пат во видоизменети услови заради актуелната пандемија. За среќа, натпреварите по информатика се одржуваат преку системот mendo.mk кој е онлајн достапен за вежбање во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи“, изјави претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, Јованов.

Македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада во информатика 2020
Македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада во информатика 2020

Примарна цел на ЕЈОИ е да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст (до 15,5 години) во сите земји од Европа, како и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на оваа возраст да ги покажат знаењата и вештините кои што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето.

Секоја земја на ЕЈОИ учествува со тим кој се состои од четворица натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот, а оваа година заради специфичните околности (онлајн натпреварување), беше овозможено да бидат пријавени и неофицијални натпреварувачи чии резултати не се земаат во предвид при официјалното рангирање. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.

На ЕЈОИ 2020 учествуваа вкупно 92 ученици од 27 европски земји. Во исклучително силната конкуренција, освојувач на бронзениот медал за С.Македонија е ученичката Сара Стефановска од Крива Паланка.

XS
SM
MD
LG