Достапни линкови

Харадинај бара од Брисел посветеност на косовското прашање


Илустрација, Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај во обраќање кон јавноста за време на изборната кампања

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека очекува од Европската унија да покаже „иста посветеност и сериозност“ кон Косово, како што тоа го прават Соединетите Американски Држави, јавува МИА. Тој во пост напишан на официјалната страна на Фејсбук бара од Брисел да го олесни признавањето на Косово од петте членки на Унијата кои се уште не го сториле тоа, како и да го исполни ветувањето за визна либерализација за косовските граѓани. Тој воедно нагласува дека САД, со тоа што доведоа до признавање на косовската независност од страна на Израел, „уште еднаш докажаа дека се светски лидери и го потврдија стратешкиот интерес за мир, економски просперитет и стабилност во Косово и регионот“.

Потпишувањето на последниот договор со Србија, што се случи во саботата во Белата куќа во Вашингтон, поранешниот косовски премиер го оцени како „голем чекор“ на Косово. Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, во саботата, на 4 септември, во Вашингтон потпишаа договор за економска стабилизација, со кој се регулира соработката меѓу двете земји во повеќе економски области.

XS
SM
MD
LG