Достапни линкови

Приведени студенти на протести против Лукашенко


Протести против белорускиот претседател Александар Лукашенко 5 септември 2020

Десетици студенти се влечени по улици и внесувани во комбиња во Минск откако денеска почнаа новите протести против белорускиот претседател Александар Лукашенко. Два засебни протести од студенти беа организирани денеска, еден во државниот универзитет во Минск а вториот беше собир на женска група на плоштад.

Дел од новинските агенции јавуваат дека 30 студенти биле приведувани од безбедносни агенти по улиците на Минск. Попладнето денеска околу 10 илјади жени излегоа на протест на авенијата Независност во Минск.

Лукашенко на последните избори се прогласи за победик, иако јавноста но и меѓународната заедница се сомнева дека претседателските избори биле наместени. Тој е на власт 26 години.

Во изминатиот месец стотици илјади граѓани ширум Белорусија излегоа на протести против власта, и бараат лукашенко да се повлече од функцијата, да ги ослободи политичките затвореници и да оддржи слободни и фер избори.

XS
SM
MD
LG