Достапни линкови

Руските научници велат дека вакцината против ковид-19 создава антитела


Руските научници објавија резултати од раните тестови за руската вакцина Спутник V во британско медицинско списание. Во него е наведено дека раните тестови покажале оти луѓето кои ја примиле развиле антитела и дека не покажале сериозни нус појави. Руската влада ја одобри вакцината за употреба на 11 август, прва вакцина која е одобрена бев при тоа да бидат објавени дополнителни медицински податоци.

Рускиот претседател Владимир Путин веднаш по одобрувањето на вакцината изјави дека „вакцината обезбедува значаен имунитет “ и дека неговата ќерка веќе ја примила вакцината.

Ваквата состоја предизвика загриженост меѓу наичната јавност затоа што е пуштена во употреба со брзање без податоци за безбедност. Научниците велат дека првите тестови биле спроведени на премногу мали групи и тестовите биле изведувани многу кратко време за да може да покажат вистинска ефикасност.

XS
SM
MD
LG