Достапни линкови

Белата куќа - Србија и Косово постигнаа договор


претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на САД, Доналд Трамп и премиерот на Косово, Авдулах Хоти

Делегациите на Србија и на Косово денеска во Вашингтон постигнаа договор за економска нормализација, објави Џуд, Дир, заменик помошникот на претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер. Денеска во Белата куќа во Вашингтон во присуство на Трамп, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти потпишаа документ, по вчерашните разговори меѓу делегациите.

Потпис во присуство на Трамп: Хоти и Вучиќ во Белата куќа

Тие се договориле за соработка по низа економски прашања за да привлечат инвестиции и да отворат работни места.

Трамп вели дека Косово и Србија постигнале голем чекор во економската соработка.

„Навистина ова е историски“, рече Трамп во Белата куќа каде ги прими лидерите на Србија и Косово.

Тој најави дека ќе ги посети двете земји, како што вели, во не толку далечна иднина.

XS
SM
MD
LG