Достапни линкови

Берлускони заразен со коронавирус


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил позитивен на тестот за коронавирус и е во домашна изолација во близина на Милано, соопшти неговата портпаролка.

Берлускони, кој има 83 години, ќе продолжи да работи од својата куќа во Аркоре, рече таа, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги поддржува кандидатите од неговата партија Форца Италија на претстојните регионални и локални избори. Тоа ќе вклучува и секојдневни интервју за весници, телевизии и социјални медиуми.

Личниот лекар на Берлускони, Алберто Ѕангрлило за италијанските медиуми изјавил дека поранешниот премиер е асимптоматски.

Белускони бил тестиран по неодамнешниот престој во Сардинија. На островот имаше релативно малку случаи во раните фази на пандемијата, кога Италија беше жестоко погодена од вирусот, но во последните неколку недели бројот на заразени кои ја посетиле Сардинија значително се зголеми.

Од почетокот на пандемијата досега во Италија се регистрирани 271 илјади случаи на ковид-19, а повеќе од 35 илјади луѓе починаа од вирусот. Повозрасните и луѓето со постојни заболувања се смета дека се под поголем ризик да ѝ подлегнат на болеста.

Берлускони, кој е медиумски тајкун и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Милан, овој месец ќе наполни 84 години, а во 2016 година беше подложен на операција за замена на срцевиот залисток.

Берлускони девет години беше премиер на Италија и останува важна фигура во италијанската политика, и покрај законските проблеми, меѓу кои и пресудата за даночна измама од 2013 година.

XS
SM
MD
LG