Достапни линкови

Германија – Тестовите покажуваат дека Навални бил отруен со Новичок


Болничари го пренесуваат отруениот руски опозиционер Алексеј Навални во болница во Берлин

Германската влада соопшти дека тестовите на примероците крв земени од лидерот на руската опозиција Алексеј Навални покажале присуство на хемиски нервен агенс од групата Новичок.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефен Зајберт, денеска рече дека тестовите во специјалната германска воена лабораторија докажале „хемиски нервен агенс од групата Новичок“.

На Навални му се слоши на летот од Сибир кон Москва на 20 август, по што авионот принудно слета во Омск, каде што 44-годишниот руски опозиционер помина два дена во болница пред да биде пренесен на лекување во Германија. Навални сега е на интензивна нега во болницата Шарита во Берлин, каде што е во медицински индуцирана кома.

Новичок е силен нервен агенс развиен од СССР и Русија од 1971 до 1993 година.

Во 2018 година со Новичок беа отруени поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулика во англискиот град Солзбери. Тие го преживеаја труењето, а британската влада за нападот ги осомничи руските тајни служби.

XS
SM
MD
LG