Достапни линкови

Почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“


Уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“

Кај ТЦ Мавровка во Скопје претпладнево почна уривањето на дивоградбата пред трговскиот центар, а уривањето го врши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Оваа дивоградба повеќе од еден месец е предмет ја дебати и расправи на државно и владино ниво, откако беше констатирано дека е бесправно изграден објект, а не можеше да се утврди идентитетот на инвеститорот. Општина Чаир распишуваше и тендер за уривање, но ниедна фирма не се пријавуваше на него. Министерството за внатрешни работи вчера поднесе кривична пријава за инвеститорот на бесправната градба.

Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница, одржана вчера, донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

XS
SM
MD
LG