Достапни линкови

САД предупредуваат на руско мешање на изборите во Грузија


Американскиот амбасадор во Грузија, Кели Дигнан

Американскиот амбасадор во Грузија, Кели Дигнан денеска по втор пат предупреди на можноста од руско мешање во претстојните парламентарни избори во земјата.

„Грузија треба да очекува дека Русија ќе се меша во изборите. Постои долготраен модел на мешање преку кампањи на дезинформации и други напори кои беа прилично конзистентни, не само поврзани со изборите, туку и воопшто, и ова е нешто што амбасадата на САД, како и другите меѓународни донатори, имаат иницијативи со цел да се обидат да ја подигнат свеста кај грузиската јавност и да им помогнат на Грузијците да разберат, да направат разлика помеѓу лажните вести и точното известување “, рече Дигнан на прес-конференција во Тбилиси.

На 1 јули, Дигнан изрази слична загриженост за време на панел дискусијата организирана од грузискиот институт за политика во Тбилиси. Парламентарните избори во Грузија се закажани на 31 октомври.

XS
SM
MD
LG