Достапни линкови

Шест починати и 131 новозаразени од коронавирусот


Слика од честиката SARS-CoV-2 или позната како новиот коронавирус.

Нови 131 случаи на заразени од новиот коронавирус (SARS-CoV-2) се регистрирани во последните 24 часа во Северна Македонија од направени 1.297 тестирања, со што бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.683 лица, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук. Во објавата е наведено дека во изминатиот ден починале шест лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид -19 се искачи 596. Истовремено Институтот за јавно здравје регистрирал 81 оздравен пациент.

Од почетокот на здравствената криза со епидемијата на Ковид -19 која во Северна Македонија почна пред околу шест месеци, вкупно се дијагностицирани 14.293 заразени од новиот коронавирус, додека бројката на оздравени пациенти е 11.014.

Од новозаразените во изминатите 24 часа, најмногу се во главниот град Скопје – 34, а потоа следуваат Куманово со 20 новозаразени лица, Гостивар – 12, Делчево 10 и Прилеп – 8, Берово – 6, Свети Николе – 5, Охрид – 4, Гевгелија – 4...

Досега во земјата од почетокот на епидимијата направени се вкупно 147.002 тестирања.

Филипче - есента ќе донесе многу ризици

Филипче претходно денеска изјави дека претстојната есен ќе биде период во кој граѓаните ќе мора да се штитат уште повеќе и уште подисциплинирано да ги почитуваат мерките против болеста Ковид – 19 која е резултат на зараза од коронавирусот.

Коронавирусот првично се појави во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, но потоа брзо се прошири скоро во сите делови на светот.

Досега во светот се регистрирани над 24 милиони случаи на заразени од новиот коронавирус, според податоците на Уиверзитетот Џонс Хопкинс, додека бројот на починати надмина 837 илјади.

XS
SM
MD
LG