Достапни линкови

Сопственикот на Еуростандард банка бара широка истрага


БАрхивска фотографија - изнисменот Трифун Костовски

Сопственикот на „Еуростандард банка“, бизнисменот Трифун Костовски, денеска упати јавен повик со кој бара повеќе институции да се вклучат во истрагата околу стечајот на банката.

Народната банка пред две недели ја затвори банката „Еуростандард АД Скопје“ поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Тој вели дека „овој случај изобилува со многу недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на одлуката“.

Поради ова, како што вели, бара во истрагата да се вклучат претседателот на Собранието, Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG