Достапни линкови

Владата го усвои протоколот за настава со физичко присуство


Ученици. Илустрација.

Владата на денешната седница донесе одлука учебната година да почне на 1 октомври и го задолжи Министерството за образование да го промени календарот за почеток на учебната година. Притоа Владата ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

Во Протоколот за основните и средните училишта се предвидува наставата да се одвива со почитување на мерките за заштита, односно, носење маска, држење дистанца и хигиена на раце. Родителите се должни секој ден да му мерат на ученикот температура, а во случај на покачена над 37 степени, детето не смее да се носи на училиште. Наставата во основните училишта се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.

Наставата ќе се одвива онлајн, освен од 1 до 3 одделение

Во Протоколот за основно училиште е предвидено да нема мешање на ученици од различни паралелки и друго. Во Протоколот за средните училишта, меѓу другото, е предвидено училиштата да воведат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните. На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории. Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете и друго.

Владата денеска донесе одлука и за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Наставата во новата учебна година ќе се одвива онлајн со два исклучоци. Настава со физичко присуство ќе се одвива само за учениците од прво до трето одделение, но со претходна согласност на нивните родители, како и во општините каде има мал број на ученици или малку паралелки.

XS
SM
MD
LG