Достапни линкови

Алексиевич: На Белорусија и треба помош од меѓународната заедница и Русија


Белоруската добитничка на Нобелова награда за литература, Светлана Алексиевич

Белоруската добитничка на Нобелова награда за литература, Светлана Алексиевич изјави денеска дека смета оти политичката криза во Белорусија би можела да се реши со помош на меѓународната заедница и со помош од Русија. Алексиевич е една од десетиците јавни личности кои го формираа опозицискиот Совет за координација минатата недела, по спорните претседателски избори во земјата на 9 август на кои победи Александар Лукашенко кои предизвикаа масовни протести во земјата.

Таа пред седиштето на Истражниот комитет во Минск каде беше повикана на распит поради нејзините активности во Совет за координација порача дека очекува мирно решавање на кризата.

"Според мое мислење, дефинитивно ќе има долг период на политичко реконструирање. Можеби светот ќе ни помогне, така што Лукашенко ќе почне да зборува со нас. Засега, тој разговара само со рускиот претседател Владимир Путин, па, можеби, тој ќе ни помогне “, рече Алексиевич.

Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

Алексиевич по распитот истакна дека одбила да одговори на прашањата на истражителите, повикувајќи се на нејзиното право да не сведочи против себе.

„Колку повеќе ќе останеме заедно, толку ќе бидеме посилни и ќе имаме поголема шанса властите да разговараат со нас“, рече таа, додавајќи дека смета оти нема основа за кривично дело против Советот за координација.

Алексиевич, кој е критички настроена кон владата, не е познато дали учествувала на јавните состаноци на Советот за координација, бидејќи наводно, ретко излегува од својот дом поради пандемијата на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG