Достапни линкови

САД ја повикаа Москва веднаш да го испита случајот со Навални


Болницата каде што е хоспитализиран Алексеј Навални

Американската амбасада во Москва ги повика руските власти веднаш да го испитаат наводното труење на главниот опозиционер на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Германија, каде што беше префрлен од Русија. „Тезата за труењето што е презентирано од германските лекари, создава потреба руските власти веднаш да спроведат истрага, целосна и транспарентна“, рече американскиот амбасадор Џон Саливан. Во посета на Москва вчера беше, американскиот дипломат број два, Стивен Биган, кој рече дека е „длабоко загрижен“ за здравјето на Навални и за влијанието на неговото наводно труење врз граѓанското општество во Русија.

Тестирањето во Германија покажа индиции дека Навални бил отруен

Кремљ вчера оцени дека германските лекари набрзина констатирале оти Навални е отруен. „Анализите на нашите доктори и анализите на Германците се целосно согласни. Но, заклучоците се различни. Ние не го разбираме брзањето на германските колеги", рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Германските лекари веруваат дека Навални најверојатно добила некаков нервен отров, но сè уште не се знае кој.

XS
SM
MD
LG