Достапни линкови

Констатирана оставката на пратеникот Бесими


Илустрација - Фотографија од Конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на втората собраниска седница ја констатираше оставката на пратеникот од ДУИ, Фљорим Бесими, кој се повлече од функцијата поради можен конфликт на интереси, но и под притисокот на јавноста, бидејќи неговиот брат и сопартиец, Фатмир Бесими, е предложен за нов министер во владата на Зоран Заев.

Џафери рече дека по добивањето на известувањето од Државната изборна комисија кој е следниот на листата на ДУИ за пратеници, ќе продолжи пленарната седница.

Фљорим Бесими поднесе оставка од функцијата пратеник откако Антикорупциската комисија предупреди дека има судир на интереси ако Бесими за изборот на новата влада гласа неговиот брат, Фатмир Бесими, да биде министер.

На негово место треба да дојде Бедри Фазлиу од ДУИ, кому денеска Државната изборна комисија му издаде уверение за пратеник, како следен на изборната листа. Неговиет мандат треба да биде верифициран од Собранието.

XS
SM
MD
LG