Достапни линкови

Случај „Моќник“: Обвинет и Антонијо Милошоски


Антонијо Милошоски

Скопското обвинителство денеска поднесе обвинение против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, и уште две лица за предметот „Моќник“, во кој се поднесени и обвинителни предлози за уште 10 лица, соопшти Обвинителството.

Според Обвинението, сите 13 лица се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта, Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница. Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле „измама“, а третообвинетиот, Антонијо Милошоски, „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик“, каде најниската казна е 5 години затвор.

За „Моќник“, кој е еден од случаите отворени од поранешното СЈО, истрагата ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи.

„Третообвинетиот со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите, за да не се поништи купопродажбата и успеал во тоа. На 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом во Ижиште и лажно во барањето навел дека тој веќе го користи тој простор, сопственост на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги. На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33-тата седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на првообвинетиот преку јавна лицитација“, стои во обвинението од скопското Обвинителство.

XS
SM
MD
LG