Достапни линкови

Лукашенко е виден како влегува во резиденцијата со пушка


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на состанок со специјалните полициски сили

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко бил виден вчера како влегува во својата резиденција во Минск, која се наоѓа во близина на местото каде имало протести против него, со пушка „Калашников“ и заштитен панцир. Претседателството на Белорусија објави видео на социјалната мрежа Телеграма, на кое се гледа како Лукашенко излегува од хеликоптер што слета во дворот на резиденцијата.

Протести во Белорусија и по предупредувањето од Лукашенко

Претседателската резиденција се наоѓа на околу два километра од местото каде се собираат граѓани и приврзаници на опозицијата кои и вчера протестира во Минск. „Нашиот претседател носи блиндиран панцир и носи автоматско оружје во рацете“, се вели во пораката од видеото. Неколку десетици илјади луѓе се собраа вчера во Минск на протест против спорните претседателски избори одржани на 9 август, на кои Лукашенко, кој е на власт цели 26 години, освои околу 80 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG