Достапни линкови

Десетици илјади луѓе на протестите против Лукашенко


Протестите против спорниот реизбор на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Минск на протести против спорниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател на земјата, во услови на големо воено присуство во белоруската престолнина и покрај предупредувањето од армијата.

Толпата, проценета на повеќе од 100.000 луѓе, ги наполни улиците на центарот на градот за она што се најавува како „Марш на Нова Белорусија“, додека протестите влегоа на 15-ти ден во земјата со 9,5 милиони жители.

Илјадници беа собрани на плоштадот „Независност“, мавтајќи со бели и црвени белоруски знамиња и необични долги транспаренти со бели и црвени ленти. Тие извикуваа „Оди си“, повикувајќи го Лукашенко да се повлече по 26 години владеење со државата.

Протести во Белорусија и по предупредувањето од Лукашенко

Пред протестите Министерството за одбрана објави дека армијата ќе преземе одговорност за заштита на националните споменици од демонстрантите. Опишувајќи ги демонстрантите како „фашисти“, Министерството за одбрана во соопштението наведе дека спомениците, поточно оние посветени на жртвите од Втората светска војна, не смеат да бидат освоени.

Министерството предупреди на какво било нарушување на мирот и редот на такви места, пишувајќи со сите големи букви, „Армијата сега ќе се справува со вас, а не полицијата“.

Лукашенко ден претходно ги стави вооружените сили на земјата на „висок степен на предупредување“, поради тврдењата дека западот распоредува сили на границата на земјата.

XS
SM
MD
LG