Достапни линкови

Братот на Фатмир Бесими се откажа од пратеничкото место


Фатмир Бесими

Флорин Бесими се откажа од пратеничкиот мандат, а одлуката, како што наведува во соопштение до јавноста, ја донел на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата Влада.

„Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието. Големите историски договори за доброто на народот, се над мојот пратенички мандат. Се враќам во служба на граѓаните, таму каде можам повеќе да допринесам, во мојота професија, во мојот град“, наведува Бесими.

Груби вицепремиер, Бесими министер за финансии, Османи за надворешни работи

Бесими на изборите беше на кандидатската листа на ДУИ. Тој е брат на Фатмир Бесими кој е предложен за нов министер за финансии во коалиционата Влада на СДСМ, ДУИ и ДПА. На предвремените парламентарни избори на 15 јули, ДУИ освои 15 пратенички мандати.

XS
SM
MD
LG