Достапни линкови

Турција со договор за втора испорака на ракетниот систем С-400


Рускиот антиракетен систем С-400.

Руски медиуми јавија дека со Турција е потпишан договорот за испорака на втората серија од рускиот антиракетен систем С-400, а двете страни во моментов преговараат за финансиските услови. Веста за медиумите ја потврдил генералниот директор на руската компанија „Рособоронекспорт“, Александар Михајев.

САД бараат Турција да не го активира ракетниот систем С-400

Турција минатата година ја купи првата серија руски ракетни системи, што доведе до тоа Вашингтон да ја суспендира оваа земја од американската програма за борбени млазни авиони Ф-35.

Турција ќе купува уште С-400 од Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ноември, минатата година, изјави дека му пренел на американскиот колега Доналд Трамп оти Анкара нема да се откаже од рускиот систем С-400.

XS
SM
MD
LG