Достапни линкови

Протести и блокади против цената на струјата


Архивска фотографија - Протести против зголемената цена на струјата

Во Скопје и во неколку други градови попладнево се одржаа протести против поскапувањето на струјата. Граѓани протестираа низ центарот на Скопје, а блокираа и неколку крстосници, незадоволни што цената на струјата се зголемува за 7,4 отсто. Протести имаше и во Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево , Прилеп и Битола. Демонстранти го блокираа и автопатот Тетово – Скопје околу 30 минути.

Луѓето кои протестираат бараат Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Тие бараат и Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН, трето - Собранието да ја укине Регулаторна комисија и, четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните од компаниите.

Регулаторната комисија донесе одлука струјата за домаќинствата да поскапи за 7,4 отсто.

XS
SM
MD
LG