Достапни линкови

Иницијативен одбор во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес


Фотографија од денешната прес-конференција на Иницијативниот одбор во ВМРО-ДПМНЕ за вонреден конгрес и оставка на Христијан Мицкоски

Иницијативниот одбор за организирање на вонредниот конгрес и реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска побара претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да ја преземе одговорноста за поразот на изборите и да си поднесе оставка.

Во име на иницијативниот одбор, вонреден партиски конгрес и оставка од Мицкоски, денеска побара поранешната пратеничка, Весна Дамческа-Илиевска, на прес-конференција пред Собранието, каде беше придружувана од актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Го повикуваме Мицкоски да поднесе оставка и да закаже вонреден конгрес на паријата на кој би се бирало ново раководство. Ако тој не го стори тоа, ние како иницијативен одбор, ќе преземеме чекори за закажување на вонреден конгрес. Барањето на одговорност за поразите на Мицкоски не е напад, туку одбрана на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дамческа-Илиевска која е и членка на Извршниот комитет на Унијата на жени на партијата.

Во меѓувреме се огласи и поранешниот директор на УБК и поранешен висок функцинер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, која на фејсбук напиша: „Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже. На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста. Време е за промени. Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството“.

XS
SM
MD
LG