Достапни линкови

Блокада на депонијата Русино и во следните десет дена


Депонијата Русино

Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет дена. Ова следува по средбите на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” со повеќе инволвирани страни и на повеќе нивоа, а на кои не е најдено решение кое би ги задоволило засегнатите страни.

Постигант е само привремен договор додека трае блокадата на патот да се ппропушаат камиони со отпад од Гостиварската општина за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби.

Еко-активистите информираа дека е закажан информативен состанок на кој ќе се изнесат аргументи за продолжување на проектот на полошкиот плански регион што го финансира швајцарската агенција за развој. Со него е предвидено да се формира заедничко претпријатие за девет општини.

XS
SM
MD
LG