Достапни линкови

Навални во болница под сомневање дека бил отруен


Алексеј Навални

Критичарот на Кремљ Алексеј Навални е на интензивна нега во болница во Омск, каде што се лекува заради сомнително труење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш. На Навални му се слошило додека бил на лет од Москва кон Томск, принудувајќи го авионот непланирано да слета во Омск, каде што бил пренесен со брза помош во болницата, објави Јармиш на Твитер, наведувајќи дека Навални е во несвест.

Казнета фондацијата на рускиот опозиционер Навални

„Претпоставуваме дека Алексеј бил отруен со нешто измешано во чајот. Тоа беше единственото нешто што пиеше наутро. Лекарите велат дека токсинот се апсорбира побрзо преку врела течност“, рече Јармиш. Таа додаде дека пред една година, кога Навални бил во притвор, исто така тој бил отруен. „Очигледно истото го прават и сега“, рече таа. Навални во последните години беше во затвор неколку пати.

XS
SM
MD
LG