Достапни линкови

Меркел: нема олеснување на мерките, Германија е „сред пандемија“


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел се спротивставува на олеснувањето на мерките поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. По состанокот со гувернерот и министрите на Северна Рајна-Вестфалија - најголемата држава во германската федерација, Меркел рече дека Германија е „среде пандемија“ и ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на физичко дистанцирање и да ја одржуваат хигиената.

Германија дозволи да се патува во делови на Турција

Разните мерки ги збунуваат граѓаните, бидејќи треба да се следат различни правила, па затоа Меркел побара усогласување на тие правила. Германската агенција за контрола на болести објави дека вчера имало 1.390 нови инфекции.

XS
SM
MD
LG