Достапни линкови

Меркел и Путин разговарале за Белорусија


Архивска фотографија - Ангела Меркел и Владимир Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Белорусија по претседателските избори и јасно го пренесе ставот дека мора да запре насилството и да почне демократски дијалог, пренесе Ројтерс.

„Канцеларката подвлече дека белоруската влада треба да се откаже од насилството врз мирните демонстранти, веднаш да ги ослободи политичките затвореници и да воспостави национален дијалог со опозицијата и општеството, за да се надмине кризата“, се вели во соопштението на портпаролот на канцеларката, Стефан Шиберт.

Според соопштението од Кремљ, Путин ѝ рекол на Меркел дека какво било странско мешање во текот на протестите во Белорусија ќе биде неприфатливо.

„Страните темелно разговараа за ситуацијата во Белорусија по претседателските избори, изјави руското претседателство. Русија истакна дека странските обиди за мешање во внатрешните работи на земјата се неприфатливи и можат дополнително да ги ескалираат тензиите“, стои во соопштението од Кремљ.

XS
SM
MD
LG