Достапни линкови

ОБСЕ нуди посредување за дијалог во Белорусија


Претседателството на ОБСЕ на белоруската влада ѝ предложи посредување за да се воспостави „отворен и конструктивен дијалог“.

„Официјалната понуда за посета на актуелниот претседател на ОБСЕ, премиерот на Албанија – Еди Рама, беше доставена до владата, за да се сретнat со него и со претставниците на опозицијата“, стои во соопштението на ОБСЕ, со седиште во Виена.

Во соопштението се изразува загриженост за одржаните претседателски избори и ситуацијата по нив.

„Ја повторуваме нашата загриженост за претседателските избори на 9 август 2020 година, кои не беа надгедувани од ОБСЕ, како и за употребата на сила против мирните демонстранти, општото притворување и наводите за тортура од страна на безбедносните сили“, се вели во соопштението.

Според белоруската изборната комисија, Лукашенко освоил 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август, кои ги оспорува опозицијата. По изборите, во Белорусија секој ден се одржуваат протести на кои демонстрантите го обвинуваат Лукашенко за лажирање на претседателските избори и бараат негова оставка по 26 години на власт.

XS
SM
MD
LG